

- 19
- Episodes
- 2020
- First episode
About Grozdan Popov’s Reconstruction Гроздан Попов
Podkasti od Grozdan Popov snimeni 2007 godina Producirani i sočuvani od Ġokica Zafirovski
- Publisher
- Stevan Gorgievski
- Category
- society & culture
- Language
- mk
- Explicit
- No
- First episode
- 3 Jul 2020
- Latest episode
- 8 Jul 2020
Latest episodes
19 episodes in the feed.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E20
Епизода 20 (2007-07-15 10:44:08) Ете полека дојдовме и до крајот на оваа сезона. Пред вас е последната епизода од овој серијал, и се надеваме ќе се видиме повторно во Септември 2007. Слушнете што има за крај да ви порача вашиот омилен (и единствен, благодарение на некој си таму некаде) македноски подкастер и ви пожелуваме пријатно и убаво лето. Не заборавајте да ја проверите новата секција на сајтот ”Книги од авторот”.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E19
Епизода 19 (2007-07-09 10:43:10) Во татковината сонцето, во туѓината облаците и дожот, во ова неделно попладне, го наведуваат Гроздан да отвори мисли и концепти како да се раздвижат работите во Македонија, како би можел да се врати дома и да ужива во сонцето. Ви го презентираме Гроздановиот спасоносен економски концепт за Македонија: “New deal“.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E18
Епизода 18 (2007-07-02 10:41:35) Во татковината сонцето, во туѓината облаците и дожот, во ова неделно попладне, го наведуваат Гроздан да отвори мисли и концепти како да се раздвижат работите во Македонија, како би можел да се врати дома и да ужива во сонцето. Ви го презентираме Гроздановиот спасоносен економски концепт за Македонија: “New deal“.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E17
Епизода 17 (2007-06-25 10:40:43) Стандардот на животот и достоинството на смртта. Каква експлозија на мисли и чувства иницирани од еден македонски блогерски пост - Сакам да ми умре бабата? Потоа, повторно эа Европа. Таа вечна тема эа нас, но по се изгледа ќе биде неизбежна за долго време – што се’ се случи на последниот самит на оваа видно расцепкана заедница со ситни национални интереси. На иста нота – Полската небулоза эа модерна Европа. За крај, “Инвестирајте во Макеодонија” кампањата иницира позитивни насоки.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E16
Епизода 16 (2007-06-18 10:39:37) Македонија: Што да правиме за во иднина? Како да мрднеме од мртва точка? Зошто секогаш некој од надвор мора да ни каже кои сме и што да правиме? Која е улогата на нашата влада? Можеме ли да измислиме пак топла вода? Како комуницираме со Европа и другиот свет? Европа: Како големите културни разлики имаат големо влијание во меѓународната економија. За сето ова се прашува и гласно ни го дава своето размисување Гроздан.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E15
Епизода 15 (2007-06-11 10:38:01) На највисокото државно признание на Република Македонија што оваа Недела, 9ти Јуни, се додели на МПЦ, на очи и срам на македонската јавност, владата и министрите со одсуството од настанот, според Гроздан, праќаат погрешна порака околу себе и тој е многу, многу лут поради тоа. Слушнете интересна и тажна приказна за неодамна починатата грчка блогерка Amalia Kalyvinou која ја разбрани грчката јавност со нејзините лични стории и искуства со грчкото здраство.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E14
Епизода 14 (2007-06-03 20:12:16) Македонски граѓанин пуштен да се брани од слобода од турскиот суд, британски граѓанин седи во Струга и чека пресуда од македонскиот суд – и двајцата обинети за слични престапи. Зошто? – се прашува Гроздан. Американскиот претседател ги посетува соседите а Македонија ја одминува. Зошто? – се прашува Гроздан. Уметност претворена во перверзија преку најновиот череп направен од дијаманти појавен во лондонска галерија. Зошто? – се прашува и дава свој поглед на сето ова нашиот подкастер.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E13
Епизода 13 (2007-05-28 20:47:38) Се само за големи работи во овој подкаст: Со нескриена восхит, Гроздан за првата македонска блогерска конференција… потоа, од агол на изгорен трговец со акции по светските берзи зборува за големата грчка шашма со фондовите за пензиско осигурување и големиот пораст на македонската берза на хартии од вредност.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E12
Епизода 12 (2007-05-21 09:26:39) Голем поздрав до сите учесници на Скопскиот Полумаратон, но Гроздан за догодина има еден совет да ви даде – не трчајте бадијала, имајте ЦЕЛ… Серија нови бесплатни консултации за премиерот Груевски следуваат на тема „Балкански омнибус“ и за крај, инспирирано од светскиот конгрес за шпанскиот јазик малку осврт на состојбите со македонскиот јазик.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E11
Епизода 11 (2007-05-15 15:22:28) Се прашавте каде е Гроздан? Касни еден ден. Не, тој си го заврши подкастот на време, логистиката зезна работа. Нема везе, тука сме, во оваа епизода слушајте за: Евровизија - смешен натпревар со чудни позадини што Гроздан ги разглобува и за вториот дел - навистина не знам како да го најавам, слушнете го сами - само ова ќе кажам - да прифати македонскиот премиер Никола Груевски половина од овие бесплатни консултации што му ги дава Г-ин. Попов, ќе процветаме.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E10
Епизода 10 (2007-05-07 11:49:03) Заборавете на целата дневна политика и Евровизија – нешто посериозно ни се готви. Слушнете што се случува со нечистотијата во природата и општеството. Ќе биде „Село гори – баба се чешла“ или…? Со нескирена симпатија кон кандидатката Ројал, Гроздан анализира што значи изборот на новиот претседател на Франција за Европа и Македонија.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E9
Епизода 9 (2007-04-30 08:48:21) 1-ви Мај, за некого е ден на трудот, за некого обичен работен ден без значење. Гроздан прави паралела на првомајското минатото и сегашносата. Кога „професионалците“ во весникот Вечер ќе разберат дека крадење на интелектуален труд е кривично дело - се прашува нашиот подкастер. Проблемот на Македонија да си одбере вреден човек да ја претставува во Обединетите Нации како претседател на 62-то генерално заседание е тема многу сериозно обработена во Гроздановиот подкаст број 9.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E8
Епизода 8 (2007-04-23 10:22:59) Овојпат Гроздан вели дека му недостасуваат вистинските зборови за да изрази некои свои дилеми а малку и гнев заради одбивањето на Љубе Бошкоски да го изнесе на почетокот на судењето воведот во својата одбрана. Тој смета дека е тоа голема грешка. Подкастов се обѕрнува на крвавата драма на Универзитетот во Вирџинија и сугерира дека во времето на комуникациите нема никакво оправдување чувствата да се изразуваат со куршуми туку со зборови. Зошто Гроздан би го шетал Столе Андов низ аулите на универзитетот во Амстердам каде се одржува Марксистички фестивал и за обединувањето на акциите на социјалистите во Франција, Шпанија и Италија во заштита на работничките права и придобивки… Во ИТ: информација за бесплатен далечински пристап до вашиот десктоп преку www.logmein.com.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E7
Епизода 7 (2007-04-15 18:41:07) За вистината или трачот дека македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вози фудбалерско БеЕмВе од Дејвид Бекам - сте слушнале, но мајстор Гроздан има сол да дотури на манџата. За скандалот на председателот на Светската Банка, Пол Волфовиц сте слушнале - но као тоа влијае надолу по хиерархијата на институцијата нашиот подкастер како и секогаш има длабока анализа. За крај, малку новости за еден стар веб портал.

8 Jul 2020
Grozdan Popov E6
Епизода 6 (2007-04-09 10:57:28) Во оваа епизода Гроздан говори за: Зелениот чај - еликсир за се и сешто; за тоа како утакмицата Ајнховен - Ливерпул предизвикува интересни параболни муабети за фирмата Филипс и македонските политичари; за (не)експертизата во подготовките за судењето на Љубе Бошковски - и од страна на Трибуналот но и од страна на одбраната; и на крај за интернет радиото и новиот фантастичен гаџет што мора да го купите.

4 Jul 2020
Grozdan Popov E4
Епизода 4 (2007-03-24 20:17:04) Уф, ова е доста напакиран подкаст. Гроздан се разборел триста на саат. Во овој подкаст гласно се размисува за: Па ви се верува ли сето ова во 25 минути да е кажано? Идните 50 години на Европската Унија со Македонија во неа. „Кафе Ројал Александр ле Маседоан“ на Плас Шуман во Брисел наместо кафанче пред зоолошка во Скопје? Како да ја искористиме благонаклоноста на Кина за старата Тајванска афера според Гроздан. Статусна конференција пред судиите за Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски во Хашкиот Трибунал. Еден бесплатен совет од Гроздан Попов до Радмила Шеќеринска поповод изјава од Емилијан Станковиќ Приказна за штипска Селена. Нови гаџети од светот на технологијата.

4 Jul 2020
Grozdan Popov E3
Епизода 3 (2007-03-18 20:13:48) Скандлозните демонстрации во Грција видени од Гроздановата перспектива. Кој да пее, кој да сади тутун а кој да го менаџира светот? Хаос на светските берзи и споредба на стамбената политика во САД, Кина и Македонија. За крај малку совети како да слабеете и што најново ни нудат светските фармацевти за да ни помогнат во тоа.

4 Jul 2020
Grozdan Popov E2
Епизода 2 (2007-03-10 21:31:45) Сер Тимоти Бернерс-Ли (http://en.wikipedia.org/wiki/Tim_Berners-Lee), таткото на Вебот, деновиве пред американскиот Конгрес зборуваше (http://www.w3.org/News/2007#item35) за иднината на овој медиум. По неговата прва веб-страница, за која ги програмираше првите сервер-клиент апликации (пред само 15 години) стотици милиони луѓе изнакачија некои 8 или 9 милијарди страници низ кои комуницираат, тргуваат, информираат или се забавуваат. Сега нам ни е нормално да се поврземе секавично со секоја од нив. Конгресмените сакаа да чујат (http://energycommerce.house.gov/cmte_mtgs/110-ti_hrg.030107.WorldWideWeb.shtml) од прва рака каде оди Вебот, што ни носи иднината. За него, значи за човекот кој го измисли овој медиум - иднината се вика Семантичен Веб (http://en.wikipedia.org/wiki/Semantic_Web). Речиси во исто време Секинескиот Народен Конгрес (http://news.bbc.co.uk/2/shared/spl/hi/in_depth/china_politics/government/html/1.stm) (тоа е исто така законодавно тело, нивно Собрание) оцени дека на Вебот, во 113,000 интернет-кафиња низ Кина, низ онлајн игри се лансираат виртуелни пари кои не само што ја “дрогираат” младината правејки ја “интернат зависна” туку се штетни за вистинската економија зашто виртуелните пари се менуваат эа вистински стоки и услуги. Тоа му доаѓа како некој да печати милијарди и милијарди јуани (http://en.wikipedia.org/wiki/Renminbi). Тоа е исто тема на овој подкаст. За крај, Гроздан ни прави малку релаксиран муабет за прекрасното аргентинско танго, но завиено во една многу интересна приказна.

3 Jul 2020
Grozdan Popov E1
Епизода 1 (2007-03-05 20:53:56) Добродојдовте во Гроздановиот Подкаст. Ова е првата епиэода во која Гроздан гласно размислува за посетата на Холандската Кралица во Турција, ќе ви каже како тој лично ја доживува Церемонијата за Оскарите и за крај малку си ја чеша главата околу Веб Два Точка Нула.
Contact Grozdan Popov’s Reconstruction Гроздан Попов
- Guest appearances
- Does not typically book guests
Based on episode analysis; this does not confirm that the show is currently accepting guests.
Host of Grozdan Popov’s Reconstruction Гроздан Попов?
Claim your podcast to manage its listing and keep your show details accurate.
Pod Engine is an independent podcast discovery and analytics service and is not affiliated with or endorsed by this podcast. Artwork and show content belong to their owners. Full legal notice.
Explore this show
Podcast research with Pod Engine