Наука за сите има за цел да ја промовира науката и технологијата на македонски јазик. НЗС цврсто се потпира на интердисциплинарна соработка и вмрежување на локални и меѓународни научни истражувачи и ентузијасти. Истовремено објавува научни текстови, организира панел дискусии, научни работилници и слични едукативно-интерактивни активности.
Рипариски шуми – нашите шумливи пријатели: разговор со екологот Ивана Лозановска [#16]
Звукот на моторните пили е најстрашниот звук за дрвјата. Неверојатно е колку сме им неблагодарни на овие прекрасни организми кои ни го прочистуваат воздухот, односно ни го снабдуваат со кислород, и со тоа – ни овозможуваат да дишиме. Но дрвјата прават и многу други корисни работи за нас – на пр. оние кои растат покрај реките – т.н. „рипариски шуми“ – нѐ штитат од поплави и ерозии, ја филтрираат и прочистуваат водата и се живеалиште за многу животни коишто живеат покрај реките.
Токму ваквиот вид на дрвја, нивната биологија и значење ги проучува нашата соговорничка, Ивана Лозановска, која е докторанд на Универзитетот во Лисабон, Португалија. Во оваа епизода од „Наука за сите“ подкастот, разговараме и за концептот на екологијата како наука која има далеку поголем опсег од популарното разбирање на истата само како „чистење на околината“. Ивана беше љубезна да објасни и како хидроцентралите и браните влијаат врз животната средина, што може да направиме за да ги зачуваме реките и вегетацијата околу нив, збор-два кажавме и за животот во Португалија каде што студира, разјаснивме која е разликата меѓу „еколозите“ и „екологистите“, зборувавме како е да се кампува и истражува предели во името на науката и многу други интересни и битни работи. Затоа, не ја пропуштајте оваа 16-та епизода од „Наука за сите“ подкастот со Атанас Кирјаковски.
МУЗИКА: Purple Planet Music
21 Sept 2020
Најава за епизода #16 од Наука за сите подкастот
Најава за епизода #16 со екологот Ивана Лозановска од Универзитетот во Лисабон, Португалија.
7 Aug 2020
Невидливата опасност – органските загадувачи: разговор со Милка Љончева [#15]
Добредојдовте и во оваа епизода од Наука за сите подкастот. Ако сте слушнале досега барем една епизода, ако сте слушнале барем еден разговор со некој од нашите паметни гости, веруваме ќе се сложите дека науката има моќ да го види невидливото, односно да ги открие и разоткрие убавините на реалноста. Но истовремено, мораме да признаеме, таа ги разоткрива и опасностите кои секојдневно нѐ демнат. Иако делува страшно, тоа што науката нѐ соочува со суровите факти на реалноста, всушност ја прави најкорисната алатка којашто човештвото ја стекнало досега.
Оваа алатка во рацете на денешната гостинка – Милка Љончева – која е докторанд и млад истражувач на институтот „Јожеф Стефан“ во Љубљана, Словенија, на одделот за Науки за животната средина – открива многу за огромниот број на органски загадувачи присутни во нашата средина и нашето тело. На пр. дали знаевте дека конзервансите кои се додаваат во голем дел од козметичките производи всушност содржат супстанци кои имаат токсичен ефект на долг рок, како за нас, така и за останата флора и фауна откако ќе завршат во отпадните води? Милка дополнително објаснува што е експозомика и како нејзината лабораторија развива методи за детекција на илегални дроги во канализацијата. Во разговорот, го дискутираме и загадувањето на реките и Охридското езеро, но и проблемот со пречистителните станици во Македонија кои се далеку од потребното ниво на функционалност. Вреди да ја дослушате докрај епизодава. Уживајте.
МУЗИКА: Атанас Кирјаковски
Ова е најава за Епизода 15 од Наука за сите подкастот во која Атанас Кирјаковски разговара за органските загадувачи со Милка Љончева.
МУЗИКА: Атанас Кирјаковски
2 Jul 2020
Психологијата на епидемиите II [#14]
Добредојдовте во вториот дел од епизодата за психологијата на епидемиите. Во првиот дел, односно епизода 12 од Наука за сите подкастот заедно со Гоце Симоноски ја аргументиравме потребата епидемиите да се решаваат мултидисциплинарно, односно објаснивме како психолозите, социолозите и когнитивните научници можат да им помогнат на епидемиолозите, лекарите и биолозите со совети за модификација на човековото однесување базирани врз научни докази.
Зборувавме за концептот на „физичко“ дистанцирање наспроти социјалното, улогата на медиумите и социјалните мрежи во време на епидемии, за еволуцијата на механизмите за детекција на опасност, за личната одговорност на индивидуалецот кон групата, за искуствата од другите земји, како и за македонската култура во контекст на епидемијава.
Во второт дел започнуваме со демистификација на теориите на заговор и лажните вести, можните начини на кои научната комуникација со населението може поефективно да се одвива со цел да го убеди да практивува здрави навики и совесно однесување, понатака разговараме за социјалната изолираност и осаменост и ред други интересни теми кои се релевантни во овој момент.
25 Jun 2020
Психологијата на епидемиите II [#14] – најава
Најава за вториот дел од подкаст епизодата „Психологија на епидемиите“.
Contact Наука за сите
Guest appearances
Books guests
Based on episode analysis; this does not confirm that the show is currently accepting guests.
Host of Наука за сите?
Claim your podcast to manage its listing and keep your show details accurate.
Pod Engine is an independent podcast discovery and analytics service and is not affiliated with or endorsed by this podcast. Artwork and show content belong to their owners. Full legal notice.
Explore this show Podcast research with Pod Engine